Граѓанската иницијатива „ТодорОФФ“ и граѓанската платформа „АЈДЕ!“ ги повикуваат граѓаните денеска  во 18 часот да дојдат пред Собранието и масовно да учествуваат на протестот за оставка на министерот за здравство Никола Тодоров. Денеска  исто така и седница  во парламентот за интерпелација на министерот Тодоров.

Nikola-TodorovВо повикот на организаторите на протестот  се наведува:

„Мора да има одговорност за системот кој убива, наместо да лечи! Затоа ајде масовно да му порачаме на министерот „Смрт“ дека дојде времето да ја понесе одговорноста и да си замине од оваа функција. Ние, граѓаните сме свесни дека неговата оставка нема да ја врати малата Тамара, ниту пак, ќе ги врати сите оние кои го изгубија својот живот во лавиринтите на здравствениот систем. Но во исто време сме свесни дека мора да направиме сѐ за да ги спречиме новите жртви на смртоносните реформи на Тодоров и за да добиеме здравствен систем кој квалитетно и ефикасно ќе се грижи и ќе ги лекува пациентите. на дневните партиски политики“, се наведува во соопштението.

Организаторот на протестот истакнува дека министерот за здравство во својот мандат оставил наследство од загубени и уништени животи.

„Затоа, ги повикуваме сите граѓани и граѓанки да дојдат в понеделник пред Собранието на РМ, за сите гласно да порачаме дека Тодоров мора да замине и да одговара“, е пораката од „ТодорОФФ“ и од „АЈДЕ!“.

 

Слични содржини