Десет жени убиени во семејно насилство оваа година во Албанија

од desk4

Во текот на оваа година најмалку 10 жени биле убиено во семејно насилство, соопштија албанските институции изразувајќи загриженост од зголемувањето на семејното насилство, особено врз жените.

Со посебна резолуција албанскиот Парламент побара од Владата да преземе итни мерки за надминување на проблемите со семејното насилство. И покрај тоа што бројката на жени кои настраделе оваа година е помала од минатата, сепак според албанските медиуми состојбата е алармантна.

По најмалку двајца мажи се притвораат поради семејно насилство врз жени секој ден, соопшти албанската полиција и додава дека 90 отсто од жртвите во семејно насилство се жени.

Романа Влахтин, амбасадорката на ЕУ во Тирана изрази загриженост од зголемувањето на семејното насилство и ја поддржа резолуцијата на Собранието за преземање итни мерки.

Слични содржини