Дескоска најави укинување на Кембриџ програма за средно образование

од desk2

Укинување на Кембриџ програмата во средното образование, преиспитување на наставните програми и намалување на бројот на предметите во основното, како и нов закон за високо образование, најави министерката за образование и наука Рената Дескоска.


Таа најави дека се бараат правни механизми, пред почетокот на новата учебна година да се стопира уште една, според неа, штетна мерка во образованието.
Првиот чекор кон подобрување на образовниот систем во земјава е воспоставување на дијалог помеѓу Власта и академската заедница, сметаат од универзитетската фела.

Измените во образованието за кои се дискутираше на денешната конференција „Реформирање на неуспешните реформи“ се само дел од реформскиот процес, кој, како што потенцираше Дескоска, стартуваше со укинувањето на екстерното тестирање.

Слични содржини