Девојка добила тешка фрактура на черепот по пад од автобус

од Vladimir Zorba

Во Клиничката Болница-Тетово вчера во 15:20 часот била донесена 17-годишна девојка од село Боговиње со повреди во пределот на главата, на која лекар и констатирал тешка телесна повреда – фрактура на черепот, со која се здобила при пад од автобус во движење, односно пред тој да сопре во село Палчиште.

Поради сериозноста на повредата во неконтактибилна состојба била пренесена во Клиничкиот Центар-Скопје. Настанот во 15:45 часот возачот на автобусот настанот го пријавил во Полициското одделение-Жеровјане. За случајот бил запознат Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини