Џони Деп е груб лажго

од Vladimir Zorba

Џони Деп натрупа доста негативни критики покрај разводот со Амбер Херд, од која беше обвинет за употреба на алкохол и наркотични опијати, како и за физичко малтретирање. Сега ѕвездата од “Пиратите од Карибите” беше наречена “закоравен лажго” од поранешните менаџери.

Поводот за незадоволството е интервју во кое Деп зборува како тие го разочарале пред американските медиуми.

Актерот поднесе тужба против компанијата “Менаџмент груп” во јануари за повеќе од 25 милиони американски долари, во која ја обвинува за измама и негрижа.

Фирмата поднесе противтужба во која истакна дека Деп трошел расипнички за имот, приватни авиони, уметнички дела, и покрај предупредувањата на нивните.

Во интервју за весникот “Волстрит џурнал” Џони Деп го поставува прашањето зошто компанијата не се откажала од него како клиент, ако трошел толку неразумно.

Ова го натера неговиот портпарол Дејвид Шејн да изјави во американските медиуми дека Деп е “Груб лажго, кој одбива да ја преземе одговорноста за срамотно однесување и ги принудува другите да лажат наместо него”.

Во судските документи фирмата посочи дека расипничкиот начин на живот на Џони Деп чини 2 милиони долари месечно. Тој платил 75 милиони за да купи и одржува 14 куќи, меѓу кои францускиит дворец и синџир Бахами.

Џони Деп одговори дека парите се негови и ќе ги троши како сака.

Слични содржини