Откако неговиот брак со Амбер Херд се распадна, Џони Деп небаре не се насмевна долго време. Нивниот развод беше официјално финализиран во јануари, но долго време потоа актерот изгледаше мизерно.

Според извори на списанието People, ѕвездата се врати на нормалниот начин на живот и активно прави планови за иднината, но и се обидува да се скраси. 53-годишниот Деп повторно почнал да оди на состаноци.

“Тој сериозно работи и изгледа здраво. Поминува многу време со своите деца “, коментира изворот за весникот.

Покрај тоа, наскоро Деп си ангажираше нови менаџери кои ќе му ги водат финансиите, бидејќи со минатите ѕвездата не се раздели сосема пријателски.

Претходните го обвинија и за неплаќање на долговите за милиони долари. Сега Џони Деп учествува во промовирањето на новиот филм “Пиратите од Карибите. Одмаздата на Салазар “.