Џорџ Лукас гради музеј на “Војна на ѕвездите“

од Vladimir Zorba

Американскиот режисер Џорџ Лукас учествува во создавањето на Музејот на наративна уметност во Лос Анџелес.

Кинематографот ѝ подарил на фирмата лична колекција од експонати од снимањето на фантастичната сага “Војна на ѕвездите”, пишува The Los Angeles Times.

Лукас вложил во проектот околу милијарда долари. Меѓу експонатите кои режисерот ги подарил на музејот се оригиналната маска на Дарт Вејдер и предмети на американскиот уметник Норман Роквел.

Претходно режисерот планирал да изгради музеј во Чикаго, но група активисти под името “Пријатели на паркот” се спротивставиле на изградба на музеј во градот.

Слични содржини