Димовски: Во коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ има негодување за платформата и некаков си бинационален дијалог

од Vladimir Zorba

Ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за барањата на ДУИ ги посочивме преку интервјуто на лидерот Никола Груевски, рече Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ по средбата на партијата со коалиционите партнери.

Тој истакна дека главна тема на разговор биле изборите и случувањата по изборите, како и поддршката и легитимитетот што Груевски како лидер и како мандатар ја има од коалиционите партнери.

– Во оваа коалиција на ВМРО-ДПМНЕ се дел сите помали етнички заедници во Македонија, имаше видливо негодување во врска со платформата и сведување на некаков си бинационален дијалог, рече Димовски.

Тој нагласи дека роковите за формирање на Влада се јасни и кажа дека јавноста ќе биде информирана штом ќе започнат преговорите.

Слични содржини