Времето утре претпладне во централните и источните делови од земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во пладневните часови ќе започнат повремени врнежи од дожд кои во вечерните часови ќе се прошират насекаде.

дожд1

Врнежите ќе продолжат и преку ноќта кон недела и ќе се пообилни на југот од земјата. Утринската температура ќе се движи од нула до пет, а дневната од девет до 15 степени.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните часови со повремен дожд, пообилен дождот ќе биде преку ноќта.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Слични содржини