Древните мачки пловеле со Викинзите, покажа ДНК испитување

од Vladimir Zorba

zx450y250_2735909

Илјадници години пред да се “населат” во 37 проценти од американските домови, и да го достигнат по бројност кучињата во светот приближно 75 милиони, мачките преминувале различни континенти на бродови со земјоделците, древни морепловци, а дури и со Викинзите. Тоа го утврдија научници со завршувањето на првата масовна студија на античките мачки преку ДНК-анализа.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека тоа било најмасовен миленик до денешниот датум кој бил и на Блискиот Исток и Египет пред околу 15 илјади години.

Истражувањето беше претставено на Меѓународниот симпозиум за биомолекуларна археологија во Оксфорд, Велика Британија минатата недела. Научниците истражувале ДНК на вкупно 209 мачки, кои живееле пред меѓу 15.000 и 3.700 години – или непосредно пред појавата на земјоделството до 18 век.

Овие древни мачки примероци биле собрани од над 30 археолошки локалитети во Европа, Блискиот Исток и Африка, а истражувањето им помогна на научниците да истражуваат едно животно за кое знаеме изненадувачки малку.
“Ние не ја знаеме историјата на античките мачки, не знаеме ништо за нивното потекло, не знаеме како точно се случило да се шират”, вели еден од истражувачите во истражувачкиот тим Ева-Марија Гајгл, еволутивен генетичар од Институтот “Жак Моно” во Франција за списание “Nature”.

Екипата анализирала ДНК на мачки, откриени во античките гробници во Египет и во Кипар, како и во древната викингшка населба во Германија. Така научниците дошле до заклучок дека мачките веројатно имале не една, туку две бранови на дистрибуција во првата фаза на нивната историја.

Кога го анализирале митокондријалот на ДНК – генетичката информација, која се пренесува само по мајката – истражувачите откриле дека дивите мачки од Блискиот Исток и од источниот Медитеран делат слично митохондриална потекло.

Тоа значи дека малите диви мачки се ширеле најверојатно во раните земјоделски општества, каде тие биле и ловеле глувцие, кои пак за возврат биле дели од житни култури. Земјоделците веројатно поттикнувале мачји присуство.

Илјадници години потоа, истражувањето утврдува посебна митохондриална врска помеѓу мачките, кои потекнуваат од оние во Египет, со оние во Евроазија и Африка.

“Митохондриалното потекло, типично за египетските мачки мумии од крајот на 4 век пред Христа до 4 век по Христа, е слична на онаа на мачки од Турција и суб-сахарска Африка од истиот период”, пишува во анализата.

Овај втор бран на ширење се должи на древните луѓе кои патувале по мориња – фармери, морнари и Викинзите – најверојатно мачките биле охрабрени да останат на брод, за да ловат глодари таму.

Гајгл објаснува дека истата ДНК врска по мајчина линија е пронајдено при останки на мачките на местата на Викинзите во северниот дел на Германија, меѓу 8-ми и 11-ти век по Христа.

Слични содржини