Демократскиот сојуз инсистира на целосна соработка на сите државни институции со ДИК за прочистување на ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК. Тие што ќе го опструират овој процес сакаат да продолжи кризата и да нема услови за кредибилни избори и изборен процес.

Businessman writing testament at notary public office

Демократскиот сојуз предлага основа за отстранување на фантомските ново креирани гласачи, потоа двојните, тројните и  други гласачи, гласачите кои гласат за тие што престојуваат во странство и ново увезените гласачи од странство, да бидат матичните книги кои се водат рачно (на родени, венчани, државјанство и умрени).

Само со директните проверки во овие евиденции можат со сигурност да се потврдат сомневањата за кршење на изборните правила.

Демократскиот сојуз бара ДИК да подготви и достави до Собранието ИЗВЕШТАЈ за резултатите од прочистување на Избирачкиот список, на проблемите со кои се соочува, на отпорите и опструкциите на кои наидува.

Слични содржини