Двајца турски војници се убиени, а четворица се повредени во експлозија на автомобил-бомба, при преминување на воена колона во југоисточниот дел на земјата, пренесе ББС.

430x287

Нападот доаѓа по нападот од страна на турските воени сили против камп на курдски милитанти во Ирак и против џихадисти од ИД во Сирија. Во Сирија исто биле нападнати и позиции на Курдите.

На воздушните напади на турските воздухопловни сили им претходеше експлозија во турскиот град Суруч, во близина на сириската граница, во кој загинаа 32 лица.
Се смета дека зад нападот стојат џихадисти од ИД.

Турција за првпат употреби воена сила против Курдите во пролетта 2013, кога беше прогласен мораториум на воените дејствија меѓу Турција и курдските формации.

Во одговор на турските воздушни напади од изминатите денови Курдите изјавија дека го сметаат примирјето за обезсмислено.

Слични содржини