Двајца македонски државјани фатени во Косово со фалсификувани евра

од Vladimir Zorba

Косовската полиција уапсила двајца македонски државјани на граничниот премин Хан Елези-Блаце, на косовско-македонската граница, поради поседување 4.190 фалсификувани евра.

„Кај македонските државјани пронајдени и запленети се 75 банкноти од по 50 евра,19 банкноти од по 20 евра, три банкноти од по 10 евра и шест банкноти од по 5 евра, за кои постои соммение дека се фасификувани“, соопшти косовската полиција.

На уапсените им е одредена мерка притвор.

Слични содржини