Двајца во притвор за еконсмки криминал во „Машинопромет“

од Vladimir Zorba

Единица за економски и компјутерски криминал во СВР Скопје поднесе кривична пријава против П.П. (49) и Г.П. (47) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување или уништување деловни книги“. Неофицијално, на двајцата им е одреден притвор.

МВР соопшти дека двајцата, П.П., како член на управен одбор, заедно со Г.П., во својство на акционери во Машинопромет АД Скопје,  во периодот од 2014 до 2017 година, си делеле менаџерски договори, а потоа побарале и стечај на фирмата, врз основа на невистинита документација.

Севкупната архивска документација на фирмата „Машинопромет“ АД Скопје од траен и времен карактер, печати и штембили и друга деловна документација ги изнеле од фирмата, иако биле должни по завршување на нивните својства во органите на управување да ги предадат на новите органи на управување.

Материјалите ги одложиле на две локации во Скопје и продолжиле да изготвуваат исправи со невистинита содржина кои ги архивирале во деловодните книги. Вака фалсификуваните деловни документи ги пуштале во правен промет за да остварат противправна имотна корист за себе.

Исто така, во февруари 2016 година, со невистинита документација изготвена на истиот начин, пријавените пред Основен суд Скопје 2, поднеле предлог за поведување стечајна постапка над Машинопромет АД Скопје, невистинито прикажувајки дека наведеното правно лице е должник на правно лице Дион-Ра ДООЕЛ Скопје, кое е во нивна сопственост, со побарување на износ од 32.944.361 денари, се вели во соопштението.

Слични содржини