Од #Протестирам поставија четири нови барања: Уставниот суд да се изјасни за уставноста на Законот за СЈО, да се формира специјално судско одделение, преодна влада и во преговорите да се вклучат граѓанските организации

0,,19197294_303,00

Црвени и сини печати од граѓанскиот револт, повторно ја украсија Тримфалната порта во Скопје, која неколку вечери по ред го апсорбира незадоволството од милионските суми нетранспарентно потрошени средства за неокласицистичкиот проект „Скопје 2014“. И не беше единствената што беше обоена. Црвени очи доби и лавот под споменикот на Воинот на коњ, а во фонтаната под него се напласти пена од истурен детергент. Во црвено и сино беше обоена и фасадата на Министерството за култура, како и штитовите на полицајците што беа во кордонот пред неа.

CgWJapkW4AA0FZr

„Граѓаните се охрабруваат. Секој ден се повеќе расте реката од народ по улиците“, коментира задоволно студент од Економскиот факултет, кој вели дека секоја вечер е присутен на протестите и ја воочува разликата. На социјалните мрежи еруптира задоволството од будењето на граѓанската свест.

„Македонија е на нозе, режимот на колена“, „Никола, гледаш ли колку те ‘сака’ народот?“, Никола, време е да најавиш нова инвестиција – во сопствената оставка“, се дел од пораките на граѓаните. Некои реторички прашуваат: „Бабо, зошто му се црвени очите на лавот?“

CgWLMEsUIAAzTtD

Вечерашниот протест во Скопје беше најмасовен досега. И овојпат демонстрантите тргнаа од зградата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кон Собранието, а преку плоштадот „Македонија“ кон Министерството за култура и пред Владата.
„Оставка“, „Нема правда, нема мир“, „Никола на робија“, „Ќе победиме“, извикуаа демонстрантите и испишаа голем број графити на повеќе локации во центарот на Скопје.

CgWmB-mWEAAzBWa

Кон денешните протести за првапат се приклучи и движењето „Беса“, чие присуство беше дочекано со аплаузи, а македонското и албанско знаме беа врзани заедно.
„Протестирам“ со седум барања
Демонстрантите организирани од здружението „Протестирам“, покрај досегашните три барања – повлекување на претседателската одлука за аболиција, оставка на Иванов и одложување на изборите, поставија уште четири нови барања: пред да почнат какви било преговори меѓу четирите партии, Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Законот за специјалното обвинителство; да се формира судско одделение кое ќе ги процесуира предметите на СЈО; да се формира преодна влада која ќе ги спроведе итните реформски приоритети и заостанатите обврски од пржинскиот договор; и граѓанските организации да бидат вклучени во официјалните преговорите за излез од кризата.

„Протестирам“ јавно ги соопшти барањата и енергично ќе инсистира на нивна реализација , пред да почнат какви било преговори меѓу лидерската четворка, чие евентуално одржување е најавено во Виена под палката на еврокомесарот Јоханес Хан и во стариот преговарачки формат: лидерите на четирите партии, плус амбасадорите на ЕУ и на САД во Македонија, Аиво Орав и Џес Бејли. Од ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека ќе присуствуваат на средбата, а СДСМ одлуката ќе ја донесе по внатрепартиските и консултациите со граѓанските организации.

Повеќе тука

Слични содржини