Основачот на “Викиликс ” Џулијан Асанж откри план на поранешниот амбасадор на САД во Сирија Вилијам Робек од пред девет години, насочен кон соборувањето на режимот на Башар Асад, користејќи екстремисти, јави сириската државна новинска агенција SANA.

20150912.wpomzqrwxv

Асанж планира да издаде книга за “Викиликс “. Во главата посветена на Сирија, Асанж открива дека поранешниот амбасадор на САД во Сирија Вилијам Робек во 2006 година испратил до Стејт департментот анализа за можните начини “да се наметне параноја во сириската влада, па тоа да ги  натера да реагираат премногу силно, да се натера да се плаши од државен удар, што ќе  е сигнал за исламистите да дејствуваат “. Самиот Асанж открива дека дел од објавените извештаи се нејасни и дека е потребно” читање меѓу редови “, за да се разбере нивната содржина, а имено, дека САД имале план за мешање во внатрешните работи на Сирија. Во овој јуни Асанж објави документ на министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, откривајќи дека имало договор меѓу неговата земја, Катар и Турција за соборувањето на Башар Асад.

Слични содржини