Единствената Мерил Стрип ги трогна сите со политичкиот говор на „Златните глобуси“ вчера

од Vladimir Zorba

Има зошто Мерил Стрип е единствена. Таа е уникатна по своето актерско творештво, уникатна по својата личност, мудрост и емотивност. За време на примањето на наградата за животно достигнување на вечерта на доделувањето на „Златните Глобуси“, таа потсети зошто е вистински дијамант во морето актери.

Иако многумина за време на вечерта, па и водителот Џими Фелон, употребија по некоја политичка референца во своите говори, никој не предизвика таков ефект како оној на Стрип.

По емотивниот вовед на Виола Дејвис, Стрип зборуваше за улогата на актерите и медиумите, кои мораат да ја имаат за време на мандатот на Трамп. Таа исто така го искористи времето за да потсети на потеклото на многу од нејзините колеги актери, и да укаже како тие носат различни перспективи и искуство во нивната уметност. На крајот, таа се повика на нејзиниот пријател Кери Фишер, кој секогаш знаел да ѝ го каже вистинското нешто, кога времињата се тешки.

Погледнете го емотивниот говор на маестралната Мерил Стрип за време на примањето на наградата Cecil B. Demille:

 

И прочитајте го целосниот транскрипт подолу:

„Ви благодарам многу. Благодарам многу. Благодарам. Ве молам седнете. Благодарам. Ве сакам сите. Ќе морате да ми простите, го изгубив гласот викајќи и оплакувајќи викендов. И го изгубив умот пред некое време годинава. Така што ќе морам да читам.

Благодарам, Hollywood foreign press. Само ќе се надоврзам на она што го рече Хју Лори. Вие и сите нас во оваа соба, навистина, припаѓаме на најоцрнетите сегменти во американското општество во моментов. Размислете. Холивуд, странци и прес. Но, кои сме ние? И, знаете, што е Холивуд воопшто? Тоа е само една група луѓе од различни места.

Јас сум родена и израсната, и креирана во јавните училишта на Њу Џерси. Виола (Дејвис) е родена на фармата на закрепостен селанец во Јужна Каролина, и пораснала во Централните Водопади, Лонг Ајланд. Сара Полсон е израсната од самохрана мајка во Бруклин. Сара Џесика Паркер е едно од седум или осум деца од Охајо. Ејми Адамс е родена во Италија. Натали Портман е родена во Ерусалим. Каде им се изводите од матично? И убавата Рут Нега е родена во Етиопија израсната во Лондон, не, Ирска, верувам. И таа е тука номинирана за улогата на девојче од мало градче во Вирџинија. Рајан Гослинг, ако и сите најфини луѓе, е Канаѓанец. И Дев Пател е роден во Кенија, израснат во Лондон, а тука е за улогата на Индиец израснат во Тасманија.

Холивуд е преплавен од аутсајдери и странци. И ако ги избркате сите надвор, нема да ви остане ништо да гледате освен фудбал и комбинирани боречки уметности, кои не се уметност. Ми дадоа три секунди за да го кажам ова. Единствената задача на актерор е да навлезе во животите на луѓето кои се различни од нас и да овозможат да почуствувате како тоа изгледа. И имаше многу, многу, многу моќни изведби оваа година кои го сторија токму тоа, страснта работа која го одзема здивот.

Но имаше една изведба годинава која ме шокираше. Ги потона своите куки во моето срце. Не затоа што беше добра. Немаше ништо добро во неа. Но беше ефектна и си ја заврши задачата. Ја направи целената публика насмеана и ги покажа нивните заби. Беше оној миг кога личноста која бараше да седне на најпочитуваното место во нашата земја имитираше репортер со посебни потреби, некој кој тој го надминуваше по привилегии, моќ и капацитетот да го врати ударот. Некако ми го скрши срцето таа глетка. И се уште не можам да ја извадам од главата зашто не беше на филм. Беше во вистинскиот живот.

И тој инстинкт да се понижува, кога е моделиран од некој на јавната сцена, од некој моќен, тој проникнува во сечиј живот, зашто на некој начин дава дозвола за останатите луѓе да го прават истото. Непочитувањето поканува непочитување. Насилството поттикнува насилство. Кога моќните ја користат својата позиција за да ги малтретираат останатите, сите губиме.

Тоа ме води до печатот. Ни требаат принципиелните новинари да бараат одговорност од моќните, да ги постават на тапет за секое нивно беснеење. Затоа нашите основачи го вклучија печатот и неговите слободи во нашиот устав. Затоа само барам од познатиот богат Hollywood Foreign Press и сите нас во оваа заедница да ми се придружат во поддршката на комитетот за заштита на новинарите. Затоа што тие ќе ни бидат потребни да одат напред. И тие ќе имаат потреба од нас за зачувување на вистината.

Уште една работа. Еднаш кога се мотав наоколу на сет жалејќи се за нешто, требаше да работиме за време на вечерата, долги часови или што и да е, Томи Ли Џонс ми рече: „Нели е таква привилегија Мерил, да се биде актер“. Да, е. И ние мораме да се потсетуваме меѓусебно за привилегијата и одговорноста на актот на емпатија. Треба да бидеме многу горди за работата која Холивуд ја чествува тука вечерва.

Како мојата пријателка, драгата замината Принцеза Леа, што ми рече еднаш, земи го твоето скршено срце и претвори го во уметност.

Ви благодарам.“

Слични содржини