Европската комисија (ЕК) констатира дека Грција не успева да ги чува надворешните граници по вчерашниот инцидент на границата со  Македонија. Познато е дека вчера околу 600-700 лица илегално упаднаа во Македонија недалеку од Идомени, а  во инцидентот дојде и до три смртни случаи.

бег јазеПортпаролката на ЕУ Мина Андреев во одговор на новинарско прашања ја  повика Грција да вложи уште напори за обезбедувањето на надворешните граници на ЕУ, вклучувајќи конкретно и со Македонија. “Ситуацијата уште не е на задоволително ниво”, рече таа. Во исто време во име на ЕК таа ги повика  македонските власти да продолжат со заштитата и да не допуштаат незаконски преминување на границата

Слични содржини