Експертите од “Самсунг” конечно открија зошто се самозапалува Galaxy Note 7

од Vladimir Zorba

Експерти од Samsung ја откриле причината за самозапалувањето на смартфоните Galaxy Note 7, соопшти “Волстрит џурнал”, цитирајќи информирани извори од јужнокорејската корпорација.

Како што и се претпоставуваше, причината за палење на телефоните е во батеријата. Во некои модели таа била премногу голема, што доведува до прегревање.

Проблематични батерии биле откриени не само меѓу произведените од подружниците на “Самсунг”, но и направени од хонгонгската фирма “Амперекс Технолоџи” (Amperex Technology).

Официјалниот извештај од истрагата ќе биде претставен во понеделник – 23 јануари.
Смартфонот Galaxy Note 7 беше пуштен во продажба во август 2016 година, но само два месеци подоцна, по повеќе случаи на самозапалувањее, корпорацијата прво застана со продажба, а потоа и со производството на овој модел.

Слични содржини