ЕЛЕМ да ја поништи одлуката за распишаната јавна набавка

од desk3

Елем да ја поништи одлуката за распишаната јавна набавка, бара Владата, во соопштението до јавноста стои:

 

„Со оглед дека постојат сомневања и за злоупотреби при распишаниот тендер од страна на ЕЛЕМ од 34 милиони евра, за набавка на опрема за ископ на јаловина, Владата одлучи да му наложи на Надзорниот одбор на ЕЛЕМ да ја поништи одлуката за распишаната јавна набавка и за тоа да биде известена. Владата го поддржува обезбедувањето сопствена механизација на ЕЛЕМ, наместо долгогодишните користења механизации од надворешни фирми, за што се трошени огромни суми пари на граѓаните, но за конкретниот случај има сериозни индиции за тендерски пропусти и фаворизирања фирми поради што се презема овој чекор“, се вели во соопштението од Владата.

Слични содржини