Ердоган ја обвини ПКК во обид да спречи операција “Штитот на Еуфрат”

од desk3

Забранетата во Турција Курдистанска работничка партија (ПКК) ја активира дејноста, за да ја спречи операцијата “штитот на Еуфрат”, која турските сили ја одржуваат во северна Сирија. Тоа го вели турскиот претседател Реџеп Ердоган во писмена изјава.

0193544001469517127_562127_292x224
Според него ПКК сепак нема да постигне успех, бидејќи долг на турскиот народ е да ја уништи групата Исламска држава во Сирија, за да не може таа повеќе да ја загрозува земјата.
Операцијата “Штитот на Еуфрат” е првиот чекор, нагласува Ердоган во декларацијата.

Воената операција “Штитот на Еуфрат” започна на 25 август годинава со навлехување на 10 турски тенкови на територијата на Сирија. Активностите за операцијата беа фокусирани најмногу кон реонот на градот Џараблус во северна Сирија, како и против курдските милиции, кои држат територии околу реката Еуфрат. како одговор на изјавата на претседателот Ердоган претставник на сириските Курди ја обвини турската армија дека врши агресија и дека нејзините активности се насочени пред се против курдските сили.

Слични содржини