Пред неколку години турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги нарече социјалните мрежи “нож во раката на убиец”. Властите често ги прекинуваат со судски налог апликации како Facebook Messenger или Twitter при дури и најмало навестување за “закана за националната безбедност”.ги повика поддржувачите на улица во екот на обидот за воен удар, беше меѓу првите Коментирани теми по неуспешниот пуч.

Karikatur Erdogan/Twitter, Titelseite von Sözcü

Во петокот навечер Ердоган зборуваше од неименувана локација во iPhone со водителката Ханде Фират на приватниот телевизиски канал CNN Türk. “Излезете на улица и дадете им одговор”, повика претседателот од 4.7-инчниот екран на smartphone. Вклучувањето на живо помина без тешкотии. Единствената мала пречка беше повикот до телефон на водителката од страна на Нух Јилмаз, Прес секретарот на турската агенција за безбедност. Фират ја задржа самодовербата, но се обидуваше френетично да го отфрли повикот додека гласот на Ердоган звучеше во етерот.

Графиката на Facebook покажа дека во целата земја граѓаните гледале живо на Facebook Live што се случува. И навистина: битката не беше само на улица, но и за тоа кој ќе ја надвладее во комуникацијата. Советниците на Ердоган го проследија неговото обраќање во FaceTime со пораки до 8.7 милиони негови следбеници на Twitter и Facebook. Беа испратени и SMS до мобилните телефони во целата земја, кои ги повикуваа граѓаните да ја “заштитат демократијата”. Одделно звучниците на џамиите во земјата, исто така, беа користени за пренос на пораката дека владејачките уште се на власт и ја држат контролата.

Трамп со својата политичка платформа пред републиканците на Национален конгрес

“Треба да ја предадеш пораката до џамиите. Но, како го правиш тоа? Преку WhatsApp, FaceTime и социјалните медиуми. Треба да ги користиш истовремено новите и старите медиуми”, изјави за Globe & Mail Алфред Хермида, професор по новинарство во University of British Columbia.

“Никогаш не сум верувала дека ќе го напишам ова: Ердоган користи Twitter и FaceTime, додека државниот удар во Турција е спречен со помош на социјалните мрежи од граѓаните”, напиша во својот профил на Twitter Зејнеп Тјуфекчи, асистент во University of North Carolina, која го изучува социјалното влијание на технологијата.

zx620y348_2797614

Во исто време воената фракција се обидуваше да ја собори владата со добро познати тактики. Тенкови излегоа на улица за да завладеат со аеродроми и мостови, на луѓето на улицата им беше кажано да се повлечат, а војници упаднаа во државната телевизија и емитуваа соопштение до нацијата. Во еден момент, кога ја разбрале грешката, војниците ја зазедоа и CNN Türk, но беше предоцна. Овие мерки можеа и да бидат доволни пред 30 години, но во годините на модерните комуникации се покажаа неповратно застарено.

“Превратот очигледно беше планиран добро, но користеше шема од 70-тите години на ХХ в. По примерот на оној во Чиле во 1973 година или Анкара во 1980 година”, изјави за Reuters Гарет Џенкинс, аналитичар и експерт за воена историја во Истанбул.

Секако, многу прашалници околу превратот го ставаат под сомнение тврдењето дека тој бил спречен само поради FaceTime вклучувањето на Ердоган. Но моментот повторно демонстрира колку се различни политиката и медиумите во ерата на социјалните медиуми. Случаи како револуцијата на плоштадот Тахрир пред пет години и пукањето на црнците од полицајци во САД покажува како смартфонот и интернет платформите даваат сила на обичните луѓе.

Случајот со превратот додава нови допири кон односот на турските власти со технологијата. Во 2014 година Владата му нареди на телекомуникацискиот регулатор да го блокира Twitter низ целата земја, но одлуката подоцна беше отфрлен од Уставниот суд. “Турција има прилично напреден режим на интернет мониторинг и цензура кој го користи редовно. Во исто време граѓаните прибегнуваат кон различни методи како VPN и Tor, за да ги избегнат ограничувањата”, смета Џон Пени, докторант во University of Toronto, кој ја анализира политичката контрола над сајбер-просторот.

На крајот државниот удар им даде уште поголема славна не само на Ханде Фират, но и смартфонот. Во последните денови таа доби понуда од 250 000 долари за iPhone-от, со кој зборуваше со Ердоган. Засега водиотелката вели дека нема намера да се оддели од телефонот.

Слични содржини