„Ериксон“ ќе ги враќа податоците, и не кажува дали за исполнување на судската наредба мора да дојде нивен техничар

од Vladimir Zorba

„Ериксон“, производителот на опремата за прислушување во УБК, за која Специјалното јавно обвинителство има судска наредба за претрес, нема да коментира додека трае истрагата, изјавија од шведската телекомуникациска компанија за СДК  .Од „Ериксон“ упатуваат на СЈО за сите прашања во врска со случајот.

21617932-cf42-4e85-b129-7be894a9d71c-4f3dfc1a-bc4f-467d-8b60-f511df970bab-prislushuvanje-telefoni-tajni-sluzbi-02-696x393

 Шведската компанија „Ериксон“, која е производител на опремата за прислушување во УБК, во саботата потврди дека добила барање од Специјалното јавно обвинителство за техничка помош во истрагата за прислушувањето, но кажа дека компанијата не е сопственик, ниту оперира со опремата за прислушување.

-„Ериксон“, поради истражната постапка во овој случај, не сака да коментира и Ве упатува за сите прашања да се обратите до обвинителството, рекле од компанијата.

Едно од прашањата кое го поставиле од СДК.МК било и „Дали е веродостојно тврдењето дека тајната полиција не може да ја изврши судската наредба и да овозможи пристап на Специјалното јавно обвинителство до бараните податоци за прислушувањето без вклучување на „Ериксон“?“.

СЈО ги има одговорите.

Можност за меѓународна помош и експертиза при истрагата за прислушуваните разговори беше предвидена во извештајот на експертската група на Европската комисија, предводена од Рајнхард Прибе, објавен во јуни минатата година.

Слични содржини