nejmar

Оваа недела, медиумите од Шпанија објавија дека Нејмар и во иднина ќе го носи дресот на Барса откако Бразилецот и „Каталонците“ постигнале согласност за нов договор. Според изворите на ЕСПН Бразил, договорот бил склучен уште од декември.

Според новинарот на ESPN Brasil, Андре Пихал, Нејмар и Барселона уште во декември минатата година ја продолжиле соработката до 2021. Договорот предвидува Нејмар да биде вториот најплатен фудбалер на Камп Ноу, зад Лео Меси.

Официјалното соопштение е одложено за следните месеци поради комерцијални причини, како и поради работи поврзани со данокот.

Слични содржини