ЕУ ги продолжи санкциите против Русија

од desk3

Лидерите на ЕУ на Самитот во Брисел се договорија околу продолжувањето на санкциите против Русија во наредните шест месеци, објави претседателот на европскиот совет Доналд Туск.
Туск преку Твитер порача дека “ЕУ ќе ги продолжи економските санкции против Русија”.

Санкциите се усмерени против руските банки, одбрамбениот и енергетскиот сектор. Воведени се на 31 јули поради руската улога во украинскиот спор. Три месеци покасно во септември 2014 година санкциите се зајакнати. Во  март 2015 година тие се продолженил, а како услов за нивно укинување поставен е почитување на Договорот од Минск. Бидејќи тој договор за примирјето во Украина не е во потполност спроведен, санкциите од тогаш се продолжуваат на секои шест месеци.

 

Слични содржини