Еве ги и номинациите за британските оскари БАФТА

од Vladimir Zorba

Филмот мјузикл “Ла Ла Ленд” доби најмногу номинации – 11 за наградите БАФТА, британскиот еквивалент на “Оскар”, соопшти АП.


Лентата со учеството на Рајан Гослинг и Ема Стоун ќе учествува во трката за британските награди за најдобар филм, најдобар режисер, актер и актерка. Овие награди се сметаат за индикатор за најверојатен успех на претстојната церемонија за “Оскар” која се одржува следниот месец..

Филозовскиотт научно-фантастичен филм “Прв контакт” и психолошкиот трилер “предатори во темнината” имаат по 9 номинации.

Во категоријата за најдобар филм се номинирани “Ла Ла Ленд”, “Прв контакт”, “Јас, Даниел Блејк”, “Месечината” и “Манчестер до морето”.

За наградата за најдобар актер се номинирани Ендрју Гарфилд за “Приговор по совест”, Кејси Афлек за “Манчестер до морето”, Џејк Гиленхал за “Предатори во темнината”, Рајан Гослинг за “La La Land” и Виго Мортенсен за “Капетан Фантастико “.

За наградата за најдобра актерка се номинирани Ејми Адамс за “Прв контакт”, Емили Блант за “Девојката од возот”, Ема Стоун за “Ла Ла Ленд”, Мерил Стрип за “Флоренс” и Натали Портман за “Џеки”.

Победниците ќе бидат објавени на церемонијата во “Ројал Алберт хол” во Лондон на 12 февруари, две недели пред онаа за “Оскар”.

Наградите БАФТА се слични на “Оскар” со тоа што вклучуваат и категорија за најдобар британски филм.

За оваа награда номинирани се “Јас, Даниел Блејк”, “Американски мед”, “Фантастична животни и каде да ги најдеме”, “Denial”, документарниот “Notes on Blindness” и “Under the Shadow”.

Слични содржини