Хетеросексуалците мажи поретко користат кондом при случајна врска ако партнерката им се допаѓа многу. Тоа го покажува новото истражување на Универзитетот во Бристол, Соопшти The Daily Mail.

0443189001461590494_547520_600x458
Според мажите, жените кои изгледаат добро се грижат за себе и поретко се носители на венерични болести. При тоа привлечен маж поретко посегнува кон кондомот. Според научниците ова е еволутивен механизам. Мажите потсвесно сакаат да го продолжат родот со привлечна партнерка и се подготвени да ризикуваат за тоа. Експериментот се состоел во анкета за време на која учесниците им биле прикажани 20 црно-бели фотографии на лица на различни жени.
Научниците ги интересираше со кое од лицата мажите би имале незаштитен секс. Покрај тоа требало да се оцени атрактивноста на жените, да кажат колку често мажот се согласува да користи кондом и како ја оценувате жената од гледна точка на ризик од зараза со венерични болести. Мажите почесто ја споменувале употребата на кондом при хипотетички секс со не многу привлечни жени. Според мажите овој тип жени почесто се носители на болести. Меѓу причините кои ги тераат мажите да се замислат почесто за заштитните мерки се: екстремните односи, незадоволен сексуален живот, голем број сексуални партнери.

Слични содржини