Noz

ПС Кичево поднесе кривична пријава против А.С.(42) од с.Другово-кичевско поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „убиство“ и „убиство во обид“. Пријавениот на 10.06.2015 година околу 16,00 часот на плоштадот во Кичево А.С.(42) го забележал неговиот брат Арун С.(46) со сопругата Б.С.(39) иоткако им се приближил од зад грб со нож на својот брат му нанел тешки телесни повреди, а потоа ја нападнал и снаата нанесувајќи и телесни повреди. Лицата биле пренесени во МЦ во Кичево каде Арун С. им подлегнал на повредите додека кај Б.С. констатирани се телесни повреди. По превземени мерки осомничениот е пронајден и приведен и со истиот е извршен разговор.

Слични содржини