Фокус: Катица и Фетаи се први обвинителки во историјата на правосудството казнети од судија!

од desk2

Откако судијката Татјана Михајлова вчера, на судењето за насилството пред Општина Центар каде што обвинет е екс премиерот Никола Груевски, реши парично да ги казни специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи, и тоа со 4.000 евра, познавачите коментираат дека за првпат во историјата на македонското правосудство се случува судија парично да казни јавен обвинител, поради наводно непочитување на судот. Досега се случувало казна да добие адвокат, но не и јавен обвинител, информира Фокус.

-За прв пат во 72-години од постоењето на Основниот суд Скопје 1 (ова во контекст на соопштението на Кривичниот суд), се случува судија парично да казни обвинител и толку ригорозно и драконски. Во принцип, доколку судијата смета дека обвинителите не го почитуваат судот, треба да го извести повисокиот обвинител, вели адвокатот Стеван Павлески, кој е поранешен јавен обвинител.

Истиот став го дели и поранешниот јавен обвинител Јован Трпеновски.

-Не само во мое време, туку до вчера не се случило судија парично да казни јавен обвинител, бидејќи тој иако е рамноправна странка со одбраната, сепак ги штити интересите на државата и на граѓаните, вели Трпеновски.

Тој додава дека за него поскандалозно е тврдењето на обвинителките од СЈО дека судијката Михајлова го менувала записникот, бидејќи според него тоа е автентичен документ врз кој се заснова пресуда и во никој случај не смее да се менува.

-Доколку обвинителките ја зборуваа вистината, тогаш нивната реакција е сосема очекувана и оправдана, вели Трпеновски.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини