(ФОТО) Џесика Биел и Џастин Тимберлејк среќни заедно

од Vladimir Zorba

Џастин Тимберлејк и Џесика Биел беа забележани да шетаат фатени за рака низ улиците на Њујорк. Иако се  10-тина години заедно, двајцата изгледаа како двојка, која е на почетокот на романсата, пишува OK Magazine.

За време на прошетката двојката не се грижеше, додека околу нив редеа новинарите и ги фотографираа како се држат за раце.

Дури и се смееја. 2-годишниот син Сајлос не присуствува на нивната прошетка, бидејќи двајцата решиле да поминат некое време со своите пријатели.

Деновиве започнаа да се шират гласини дека Тимберлејк и Биел чекаат второ дете, но веста не беше потврдена од двајцата. Актерката и пејачот се заедно од 2007 година, а во 2012 година се венчаа.

Деновиве стана јасно и дека пред да започнат врска и по романсата со Бритни Спирс, Тимберлејк се сретнал со Џена Тејтум.

Слични содржини