(ГАЛЕРИЈА) Дивиот див запад: супермоделите за празниците

од Vladimir Zorba

Супермоделите на Victoria`s Secret заминаа за Аспен, за да ја снимат празничната рекламна кампања на брендот и веќе можеме уживаме во кадри од сетот.

Благодарение на Јасмин Тукс, Сара Сампајо, Жозефина Скривер и други кои ги споделија кадрите во своите лични профили во Instagram, можат да ѕиркаат зад завесите и да одгатнат што ќе ни се очекува при целосното претставување на проектот.

Има високи чизми, богато украсени колекции долна облека, па дури и симпатични кучиња од расата “Хаски”, кои позираат до убавиците.

Едно мора да им се признае – без разлика дали се на годишната ревија на брендот или снимаат уште каталог, убавиците умеат да ги споделат со своите фанови вести и зачинети кадри во социјалните мрежи.

Основната концептуална тема во проектот е Западот, кој дефинитивно го освојува модниот подиум за време на Неделата на модата минатата сезона и целосно одговара на логиката да се пренесе и во останатите колекции.

Дали оваа тема ќе се развие и за време на годишниот спектакл на брендот, останува само да чекаме да видиме.

Додека добиеме одговор на ова прашање е најдобро да се инспирираме од кадрите во нашата галерија.

Слични содржини