19:06 Демонстрантите од пред СЈО се движат кон Собрание.

13234691_525082051009462_51564202_o

 

Cil8ZMOWgAACpxh

18:53 „Шарената Револуција“ порача: Еднопартиски избори не може!

Cil63phXIAAUhoM

Маршрутата вечерва е стандардна. Ќе се протестира пред Собранието, а поворката демонстранти ќе помине покрај Министерството за надворешни работи, за протестот да заврши пред Владата.

ptotest3

Тема на протестот ќе бидат еднопартиските избори што сака да ги спроведе Груевски на 5 јуни.

Со розева боја демонстрантите на раскрсницата пред СЈО напишаа „Шарена револуција – старт“.

Cil5LoLWgAAU-jI

Македонија ја тресе духот на новото време, времето на моќни граѓани и граѓанки, кои не чекаат некој да ги викне или да им организира протест, туку самите излегуваат на улиците, кои веќе не се плашат туку со голема храброст грабат напред кон слободата! Додека да трепнеме, повеќе од месец дена сме на улица низ целата земја и дијаспората! Горди сме на секој од граѓаните и граѓанките кои излегуваат на улиците и извикуваат ‪#‎ПРОТЕСТИРАМ‬!

Но, борбата ќе биде долга, макотрпна и нема да биде лесна! Иако постигнавме голем успех со будењето на народот, тешките времиња допрва следуваат. Потсетуваме на нашите осум барања, за кои не отстапуваме ниту еден милиметар:

26962993686_40325a2dd7_z

– Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);

– Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;

– Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;

– Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;

dadada

– Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;
– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;

– Процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија;

– Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

Од оваа борба нема откажување! Нашиот избор е тоталитарно мракобесие или улица. Ние ја одбираме улицата и затоа ви порачуваме: раскомотете се, ова ќе биде пеколно лето! #Протестирам полека ќе станува ‪#‎блокирам‬, ‪#‎окупирам‬ и секојдневно го ‪#‎менувам‬ системот!

Еднопартиски избори нема да дозволиме. Нема да им дозволиме ни да избегаат со украденото, а камо ли да останат во земјата несоочени со правда. Нема да дозволиме повторно заташкување на ситуацијата и губење на уште една година во реформи од типот „едно напред, три назад.“

Секојдневно упатуваме повик кон сите оние наши сограѓани и сограѓанки, особено до оние кои сѐ уште не се вклучиле во протестите, да се вклучат – тоа да го сторат на начин на кој што знаат и умеат и да ја врамат пораката како што тие мислат дека треба! Никој нема монопол на оваа борба, таа е на сите, насекаде и на долг рок! #Протестирам не е проект со ограничено времетраење ниту пак нечиј инструмент за постигнување некаква цел – тоа е нов менталитет на МОЌНИ граѓанки и граѓани, кои извикуваат ДОСТА Е, но и кои самите ја градат визијата за подобро општество!
Се гледаме на протест!

Слични содржини