(ГАЛЕРИЈА) Првите кадри од сетот на “Твин Пикс“

од Vladimir Zorba

Се појавија првите фотографии од снимањето на третата сезона на серијата “Твин Пикс”. Сликите се објавени во изданието Entertainment Weekly.

Весникот забележува дека и режисерот Дејвид Линч, исто ќе исполни една од улогите. Има и видео во кое Кајл Маклоклан и други актери ги споделуваат своите впечатоци од продолжението на серијалот.

Првата епизода на новиот “Твин Пикс” ќе стартува на каналот Showtime на 21 мај. Во продолжението, освен актери од претходните сезони, ќе се појават Моника Белучи, Тим Рот, Наоми Вотс, Џим Белуши, Аманда Сејфрид и Ешли Џад.

За прв пат “Твин Пикс” се појави во 1990-1991 година. Дејството се развива околу убиството на ученичката Лора Палмер, под истрага од специјалниот агент на ФБИ Дејл Купер.

Видете ги кадрите во галеријата.

Слични содржини