Главните организатори за независност на Каталонија вратени во затвор

од desk2

Шпанскиот суд ги врати во затвор двајцата клучни луѓе кои се борат за независност на Каталонија.

Жорди Санчез. Кој е на чело на Народното собрание на Каталонија и Жорди Куизар, лидер на здружението Омниум Културал, задржани се без можност за излегување со кауција. Под истрага се за бунт.

Тие се сметаат за водечки луѓе во организација на референдумот за независност на Каталонија кој е одржан на 1 октомври, а кој шпанските судови го суспендираа. Владата во Мадрид го прогласи гласањето за илегално.

Шефот на регионот Карлес Пучдемон ја потпиша декларацијата за независност, но го стопира спроведувањето за да спроведе преговори. Повика на разговор во следните два месеци.

Шпанската влада предупреди дека Каталонија мора да се повлече или да се соочи со законот на Мадрид.

Пучдемон го налути Мадрид затоа што не се изјасни дали прогласи независност или не. Дoби рок до четврток.

„Шпанија ги затвори каталонските лидери на цивилното општество поради организирање мирни демонстрации. За жал, повторно имаме политички затвореници“, напиша на Twitter.

Куизар порача дека не треба да се губи надеж затоа што народот на Каталонија ја заслужи својата иднина. Тој и Санчез се обвинети за охрабрување на демонстрантите да го блокираат влезот на службениците во каталонската регионална влада на 20 и 21 септември.

Заговарачите за независност повикаа на понатамошни протести, барајќи нивните луѓе да се пуштат од затвор. Неколку часа претходно, Вишиот суд го ослободи челникот на каталонската полиција Жозеп Луис Трапер.

Го товареа дека не сакале да и помогнат на шпанската полиција да се избори со илјадниците демонстранти во Барселона за време на референдумот. Тужителите побараа притвор и за него.

Слични содржини