images
На ден 24.07.2015 година ПС-ОН Крушево до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против З.Р.(34) од Крушево поради постоење основи на сомнение дека сторил на кривично дело “ Спречување на службено лице во вршење службени дејствија“.Имено на ден 21.07.2015 година околу 11,00 часот во с.Врбоец-крушевско поточно пред дворното место од М.Д. пријавениот вршел бесправен пренос на околу 0,30 м3 зелени букови огревни дрва со добиток – коњ, а за тоа не поседувал соодветна документација, а при тоа истиот бил забележан од страна на службеното лице-чувар на шуми, вработен во ПСШ „Липа“ Крушево. Пријавениот дрвата ги растоварил во дворот на М.Д. и веднаш со коњот излегол од дворот. Кога службеното лице го забележал, му укажал дека со тоа дејствие сторил прекршок по Законот за шуми и дека ќе му поднесе соодветна пријава. Пријавениот најпрвин започнал да го навредува службеното лице, а потоа со дрвената рачка од секирата што ја држел во рацете го удрил еднаш во пределот на грбот, со што оштетениот бил спречен како службено лице да ги преземе службените дејствија во врска со констатираниот прекршок. Истиот го оттурнал пријавениот од себе по што З.Р. го напуштил местото на настанот.

Слични содржини