Граѓаните од поплавените подрачја нема да плаќаат за вода и за смет до октомври

од desk3

Градот Скопје ќе издвои 150 милиони денари или околу 2,5 милиони евра за реконструкција и за санација на улиците што беа оштетени од поплавите во неколку населени места во Гази Баба, било одлучено на денешната седница на Советот на Град Скопје.

14017716_10208471237451677_1515416874_n-860x680

– Втората одлука е ослободување на корисниците од плаќање надомест за извршена услуга собирање и транспортирање на комунален отпад. Со оваа одлука целиот собран и транспортиран отпад што се собра и се транспортира како дел од акцијата на расчистувањето на населените места, нема да биде наплатен, поточно граѓаните се ослободени од таа обврска – изјави координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје, Слободанка Трајковска.

Третата одлука што била донесена на седницата било ослободување од плаќање на надоместот за користење на услугите на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, на корисниците од погодените подрачја со поплавата за август, септември и за октомври.

МЕТА

Слични содржини