Грција нема да плати 1,6 милијарди евра, кои ги должи на Меѓународниот монетарен фонд на 30 јуни, соопшти денеска претставник на грчката Влада.

lagard

Директорката на Меѓународниот монетарен фонд Кристин Лагард вчера ја исклучи можноста да биде дозволено одложување на исплатата на долгот на Грција кон Фондот, рок кој изминува на 30 јуни.

– Кога зборувам за ММФ ја имам предвид меѓународната заедница. 1,6 милијарди долари треба да бидат платени до вторник до 18 часот, според американско време во Вашингтон. Тие пари припаѓаат на меѓународната заедница, што значи и на луѓе кои имаат понизок стандард од Грците. Се надевам дека уплатата ќе биде извршена до 18 часот во вторник, категорично порача  Лагард.

Слични содржини