migranti

Со затворањето на границата, Скопје го прекршува договорот постигнат во Брисел во петокот, изјави грчкиот министер за миграции Јанис Музалас.

Србија блокира- Македонија во домино ефект

Тој информира дека Грција почнала да презема дипломатски чекори со цел да ја убеди Македонија да прифаќа авганистански мигранти, затоа што веќе илјадници се заглавени на грчко-македонската граница и во Пиреја.

Извор од грчката Влада за странски медиуми изјавил дека „денеска не очекува дипломатско решение“. Тој додал дека Грција ќе ги смести Авганистанците, во исто време обидувајќи се да спречи пренатрупување на сите сместувачки капацитети./МИА

Слични содржини