Грција ја осуди позицијата на претседателот на Европскиот совет за мигрантите

од Vladimir Zorba

   Грчките власти соопштија дека отфрлањето на квотите за мигранти од претседателот на Европскиот совет Доналд Туск е „ненавремено” и нема шанси да биде прифатено на самитот на ЕУ оваа недела.


– Доналд Туск направи ненавремена и непотребна изјава по прашањето за бегалците и не сметам дека неговиот предлог има шанса да биде прифатен, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас.

– Нема да прифатиме ниту една реченица од финалната декларација (на самитот на ЕУ оваа недела), која не се однесува на рамномерно распоредување „на мигранти кои пристигнуваат во Европа, додаде Ципрас.

Во писмо до 28-те земји-членки на ЕУ, Туск вели дека дебатата околу задолжителните квоти за прераспределување на мигранти „се покажала многу конфликтна”. Според него, прашањето за задолжителните квоти се покажало како „неефективно”.

Слични содржини