Груевски: Да се обединиме и да бидеме единствени, ние сме партија на народот

од desk4

Да ги збиеме редовите, да се обединиме и да бидеме единствени, бидејќи така ништо не ни можат. Ние сме партија на народот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешната свечена Академија по повод 23-ти октомври, Денот на Македонската револуционерна борба, а која се одржа во Штип, информира Телма.

Духот на Македонецот е нескршлив, а во овие моменти битката не е за Никола Груевски, туку битката е за ВМРО-ДПМНЕ, забележа Груевски, кој истакна дека Македонците не можат да ги заборават сликите од Диво Населје, како се уништува македонското знаме, палење на куќи, автомобили. Но, се осврна и на настаните од насилството во македонското Собрание, кои како што рече народот бил испровоциран.

На свечената акдемија на Денот на Македонската револционерна борба говореше само лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски, кој порача дека денеска се слават 124 години од основањето на историското ВМРО, а за првпат по 10 години не го одбележуваат државните институции и не се доделува државната награда.

Слични содржини