Груевски и Заев имаат директни средби- за што?

од Vladimir Zorba

Во зградата на парламентот не  е само килавата режирана дебата, туку се случува и еден поконкретен дијалог. Се разбира тој е зад камерите, и јавноста. Се тврди дека лидерите на двете најмоќни партии Зоран Заев  и Никола Груевски имале три тет а тет средби досега,  дознава Локално.мк од собраниски извори.Засега нема детали што се договара но  она што го тврдат извори на СДСМ, ако се разговара, е дека Зоран Заев нема намера да се повлече од формирање влада, ниту да оди на брзи ибори. Се тролаат приказни за амнестија, ама тоа се повеќе пробни балони од ВМРО ДПМНЕ.

Од ДУИ  исто така велат дека деновиве се одржале неколку средби мегу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, во насока на надминување на политичката криза.

-Според нашите информации,веке неколку дена се одржуваат лидерски средби помеѓу ВМРО и СДСМ и ние тоа го охрабруваме. ДУИ го изоде својот дел од патот за формирање на новото мнозинство и новата влада. Се надеваме ке има плод од овие разговори за кои ние имаме информации дека се одржуваат – изјави за Фокус.портпаролот на ДУИ, Бујар Османи

ОД ВМРО ДПМНЕ немаат коменатар за ваквите тврдења, ниту пак соопштение колку за демантирање на овие информации.

Единствена официјална информација од двете преговарачки страни е синоќешната на потпретеседателката на СДСМ  Радмила Шеќеринска

Таа за можни тајни средби меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека нејзиниот претседател не гледа зошто да се среќава со Груевски.

 Таа во емисијата „Патот кон…“ на Алсат-М ги негира гласините за средба на лидерите пред неколку дена. Шеќеринска вели дека овие информации доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ и имаат за цел да предизвикаат раскол во парламентарното мнозинство.

Во емисијата таа кажа дека ВМРО-ДПМНЕ се обидувало и сè уште се обидува да добие амнестија и дека од време на време такви сигнало испраќале до СДСМ.

Додава дека независно од конкретните предлози за амнестија, тие нема да ја решат политичката криза., туку формирање нова влада и промени кои се изгласаа на 11 декември.

Она што е познат  став на Зоран Заев  е дека се залага за мирен трансфер на власта, и дека најавува владеење на правото, и сите оние кои се огрешиле пред законот да си одговараат.

Слични содржини