Хан ги почна средбите со пораки: Нема време за губење, итно е потребна нова влада

од Vladimir Zorba

„Нема време за губење, итно е потребна нова влада, патот на Македонија кон Европската Унија е отворен“, твитна еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, соопштувајќи дека почнал со разговорите со лидерите и со претставниците на парламентарните политички партии.

„Почнаа разговорите во Скопје. Итно е потребна нова влада за реформи. Нема време за губење“, напиша Хан на „Твитер“.

Во друг твит тој нагласува дека „патот кон ЕУ е отворен за Скопје по последниот состанок на Советот на Европската Унија, но часовникот отчукува“, и додава: „Потребно е државништво наместо тактики. Економијата страда“.

Во моментов Хан ja заврши средба со лидерот на Беса, Билал Касами, а во тек е средба со Алијансата на Албанците и нивниот претставник Зијадин Села.

Некаде пред 18 часот е средбата со лидерот на СДСМ Зоран Заев, а околу 20 часот е предвидена средба со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски

Слични содржини