Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, се очекува в петок да допатува во Скопје.

han

Неофицијално, посетата била предвидена за периодот од 15 до 19 февруари. Во агендата на Хан, објавена на веб-страницата на Европската комисија, засега не е предвидена посета на Македонија сè до 18 февруари.

Според најавените настани, Хан утре во Брисел ќе се сретне со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими. Засега не се откриваат детали за средбата.

Кривичниот совет има 48 часа да одлучи по жалбите за притвор на СЈО

Хан, според најавите од Брисел, кон средината на февруари треба да ја посети Македонија за да се утврди напредокот во примената на Договорот од Пржино, а на 20 февруари Европската унија и САД во консултација со локални и со меѓународни експерти ќе оценат дали има услови за кредибилни избори на 24 април.

 

META

Слични содржини