„Преку ова соопштение би сакале јавно да ја изразиме нашата поддршка и да ја поздравиме иницијативата за референдум во Општина Центар за изгледот на Градскиот Трговски Центар – Скопје.
helsinski1

Како што знаете, нашата организација активно работи на полето на подобрување на демократските процеси во земјата и зголемување на граѓанската партиципација. Оттаму, иницијативата за овој прв граѓански референдум во Центар е значаен исчекор во развојот на граѓанското општество и активната улога на граѓанинот во процесот на донесување одлуки.

Референдумот претставува најавтентична форма на граѓанска демократија и можност да ги обедини сите граѓани кои се поделени по различни основи, овозможувајќи им заеднички да одлучат за важни прашања од интерес за заедницата.

Поради сето ова, сметаме дека ова е историски важен момент за македонската демократија и јавно повикуваме на поддршка од сите граѓани и организации кои ги делат демократските вредности.

Истовремено, испраќаме апел до сооветниците на Општина Центар да ја подржат иницијативата за референдум, со што директно би им овозможиле на граѓаните да го реализираат своето уставно загарантирано право“, стои во денешното соопштение на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Слични содржини