Хјустон ја елиминира Оклахома Сити со 4-1 во победи

од Vladimir Zorba

Хјустон Рокетс ја  надигра Оклахома Сити Тандер со 105: 99 дома во петтиот натпревар од првиот плеј круг во Западната конференција и освои серијата со 4-1.

Џејмс Харден придонесе за успехот на “ракетите” со 34 поени, а Лу Вилијамс додаде 22. На “громовите” не им помогнаа 47 поени и 11 скока на Расел Вестбрук. Во полуфиналето Хјустон ќе игра со подобриот тим од натпреварот Сан Антонио Спарс – Мемфис Гризлис. “Тотенхем” денес запишаа убедлива победа над противникот во Сан Антонио со 116: 103. Кауај Леонард постигна 28 поени за победниците, а за гостите Мајк Конли реализира 26. Сан Антонио води во серијата со 3-2, а шестиот натпревар ќе се одигра на теренот на Мемфис

Слични содржини