Хрватска: Шпанија проблемот со Каталонија треба да го реши во рамките на Уставот

од desk4

Хрватското министерство за надворешни и европски работи смета дека „случувањата во Каталонија се внатрешно прашање на Шпанија“.

Оттука, Хрватска се залага за демократско и мирно решавање на проблемот, во согласност со европските вредности.

Во соопштението на министерството исто така се наведува дека „Хрватска не смета дека прогласувањето на независност на Каталонија е во согласност со шпанскиот устав и верува дека најдобро решение е тоа кое се темели на дијалог, со полна почит кон владеење на правото и заштитата на правата на сите граѓани кои живеат во Каталонија.“

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера изјави „дека спорот помеѓу Мадрид и Каталонија треба да се реши во рамките на Уставот на Шпанија.“

Слични содржини