И Хрватска ќе протера еден руски дипломат

од desk2

 

Претседателот на Владата на Хрватска, Андреј Пленковиќ рече дека Хрватска ќе протера еден руски дипломат, како солидарност со Британија, каде беше затруен поранешен руски шпион и неговата ќерка.

Тој додаде дека во текот на денот Хрватска ќе прогласи еден руски дипломат за персона нон грата поради нападот.

„Донесовме заедничка одлука да се солидаризираме со Кралството Велика Британија и 14 други земји па едно лице ќе прогласиме за персона нон грата. Покажуваме дека не прифаќаме таков вид напади како што се случи“, рече Пленковиќ по состанокот на Европскиот совет.

Слични содржини