Коалицијата под водство на САД нанесе 19 удари во последното деноноќие на терористичката група “Исламска држава” во Ирак и Сирија. Повеќето од ударите се на територијата на Ирак, се вели во соопштението на Централната команда на вооружените сили на САД. Во Сирија се нанесени два удари. Уништен е автомобил и тренинг објект на ИД, објави американската војска.

20151017.nihbomaycd

Во Ирак бомбардирањето било околу градовите Мосул и Ер-Рамади. Како резултат на 17 удари во Ирак беа уништени борбени позиции, складишта со оружје, артилериски топови, автомобили, митралези и рачноизработени бомби. Во соопштението се наведува дека при бомбардирањето се повредени тројца милитанти.

Слични содржини