И Надал е меѓу спортистите кои користеле допинг

од desk3

Првиот ракет на Шпанија Рафаел Надал, четирикратниот олимписки шампион Мо Фара и унгараскиот пливач Ласло Чех се исто така меѓу спортистите кои се користеле забранети супстанции со дозвола на Меѓународната антидопингова агенција (WADA), информира Guardian.

0424313001472883087_563888_300x165

Онлајн активистите Fancy Bears, која минатата недела ја хакираа базата-податоци на Меѓународната антидопингова образование, објавија во интернет четврта листа со елита спортисти, кои користеле забранети супстанции со дозвола на WADA.

Според информациите носителот на 14 титули од Гренд слем турнирот и двократен олимписки шампион, Користел “бетаметазон” во 2009 година.

Атлетичар Мо Фара пак земал со дозвола “триамциналон” во 2008 година, а Ласло Чех, кој има шест олимписки медали, ја користел супстанцијата “формотерол” во 2015 година.

Во изминатата недела хакери објавија дека дошле до податоци од програмата на ADAMS кои покажуваат дека американски спортисти користеле допинг со знаење на антидопинговата агенција. Едни од најпознатите имиња, откриени од групата, се оние на сестрите Венус и Серена Вилијамс и на гимнастичарка Симон Бајлс.

Слични содржини