„Реактор-Истражување во акција“ денеска јавно ја поддржа иницијативата за референдум во Општина Центар за изгледот на Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје.

logo fb page malo4

„Една од целите на нашата организација е да го промовира учеството на граѓаните во донесувањето на одлуки на локално ниво, а особено во врска со развивањето и урбанистичкото планирање.Вклучувањето на поширокото општество во процесот на урбанистичкото планирање и изгледот на заедницата е од суштинско значење во денешните демократии, во што секако спаѓа и можноста граѓаните директно да учествуваат и влијаат на прашања од локален интерес.Обезбедување на вакви можности од страна на локалните власти е клучно, бидејќи со нив се регулираат формите, просторите и местата кои што граѓаните ги користат и во кои тие живеат и работат.

Токму затоа учеството на јавноста се гарантира со правната рамка на урбанистичко планирање и во работата на локалните власти. За жал, во пракса учеството е најчесто формално, па дури и сосема недостасува.Затоа, сметаме дека е особено значајно да се поддржи оваа иницијатива за граѓански референдум во Центар и со тоа да се обезбеди активна улога на граѓанинот во процесот на донесување одлуки. Ваквата улога е во духот на Европската урбана повелба на која се приклучија општините од Македонија во рамки на Соверот на Европа“, се вели во соопштението од Реактор.

На последното истражување за граѓанско учество спроведено од Реактор, мнозинството граѓани одговориле дека би сакале да бидат повеќе вклучени во одлуките што ги носи општинскиот совет кои го засегаат нивното место на живеење: На 80% од возрасните и 74% од младите им е важно да имаат можност да влијаат врз одлуките во нивната локална заедница. Граѓаните се чуствуваат позадоволни кога знаат дека можат да влијаат.

„Сепак, и покрај големата желба за учество и чувството за одговорност кон заедницата, постои песимизам меѓу граѓаните околу можноста за некакво влијание врз одлуките што се носат во локалната заедница. Токму затоа, одлуката на Советот на Општина Центар по оваа граѓанска инцијатива добива уште поголемо значење“, порачува „Реактор“.

Слични содржини